Фудбал
Ибрахимовиќ и Милан се близу договор!
Милан-Ибрахимовиќ се близу до договор, но времето истекува и Швеѓанецот треба да одлучи кој ќе биде следниот чекор во неговата кариера. Интерес покажаа Болоња и Неапол, но без конкретни чекори, како тимот од Милано.
Елиот даде зелено светло затоа што покрај возраста на Ибрахимовиќ, тој смета дека може да го зголеми маркетингот и особено продажбата на билетите, со цел да се зголеми бројот на навивачи на стадионот, но да не ги заборавиме и дресовите што можат да се продаваат.
Според „Sportmediaset“, Ибра и Милан се уште поблиски. Разликата помеѓу понудата и барањата е се уште голем, но со вметнување бонуси меѓу нив, може да се дојде до решение. Значи, 2 милиони евра за следните шест месеци кои може да се зголемат и до 3 милиони со оглед на неговите настапи и голови.