Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ: Коронавирусот имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја

Милано, 24 септември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ги коментираше информациите дека бил заразен со коронавирус.

  • Вчера имав негативен тест за коронавирус, денес имав позитивен тест. Нема симптоми или нешто слично. Коронавирусот имаше храброст да ме предизвика. Лоша идеја – напиша Швеѓанецот на Твитер.

Триесет и осумгодишниот Швеѓанец поради позитивен тест е принуден да го пропушти натпреварот од 3. квалификациско коло во Лигата на Европа против норвешкиот клуб „Бодо-Глимт“.

Овој натпревар ќе се одржи вечер од 20.30 часот. зс/