Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ отпадна, но Алиоски веројатно ќе добие екстра соиграч

Фудбалскиот клуб Лидс започна да размислува за засилување за Премиер лигата, во која се квалификуваше по 16 години.

Сопственикот на клубот, Андреа Радрицани, призна дека шансите да го доведат Златан Ибрахимовиќ се мали.

Но, тој го наведе Единсон Кавани како реална опција.

– Ќе биде тешко да се донесе Ибрахимовиќ, додека ќе видиме за Кавани, тој е на располагање, рече Радрицани за италијански „Скај“.

Ибрахимовиќ е во Милано од јануари, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Радрицани рече дека Лидс веќе се обидел да го донесе во јануари.