Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ: По моето заминување, францускиот шампионат оди во надолна линија

Според Златан Ибрахимовиќ , француското првенство станало помалку интересно по неговото заминување. Швеѓанецот помина четири години во Пари Сен Жермен , постигнувајќи 156 гола во 180 натпревари и освојувајќи 12 трофеи пред да замине во јули 2016 година.

„Откако ја напуштив Франција, сè оди надолу. Веќе нема за што да се зборува. На Франција и требам јас, не ми треба Франција. Дури и да ги имате Мбапе , Нејмар и Меси , тоа не ви помага. Зошто? Затоа што немаш Бог“, изјави Златан во негов типичен стил.

Ибрахимовиќ додаде дека ќе се врати посилен. Напаѓачот додаде дека ќе се откаже кога ќе одлучи, а не кога луѓето го очекуваат тоа. „Ќе се вратам, ќе слушнете за тоа, не се сомневајте. Ќе го направам тоа со бес. Нема да се откажам. Ќе се вратам и нема да се откажам. Ако видам подобар играч од мене, ќе престанам. Но, сè уште не сум го видел“, додаде тој.