Поврзи се со нас

Фудбал

Ибрахимовиќ постигна гол 22 сезони по ред во најголемите лиги

Милано, 22 септември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ беше двоен стрелец на натпреварот од 1.коло во Серија А против Болоња. Триесет и осумгодишниот Швеѓанец се запиша во листата на стрелците во 22 последователни сезони во најсилните лиги.

Претходно, тој погоди за шведски Малме, холандски Ајакс, италијански Интер и Јувентус, шпанска Барселона, француски ПСЖ, англиски Манчестер јунајтед и Лос Анџелес Галакси од МЛС лигата.

Воедно, Ибрахимовиќ постигна гол на својот четврти последователен натпревар. Оваа сезона тој постигна три гола на два натпревара. зс/

Advertisement

Facebook

Реклама