Connect with us

Фудбал

Шведска на нозе, селекторот бил во Милано, Златан Ибрахимовиќ на 40 години се враќа во репрезентацијата

Кога Златан остави простор за враќање во националниот тим, ми се чинеше природно и важно да се состанам и да разговараме. Драго ми е што успеавме да го сториме тоа толку брзо. Средбата беше многу добра и пријатна, се согласивме да го продолжиме дијалогот , изјави Андерсон.

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ може да се врати во репрезентацијата на Шведска. Според официјалната веб-страница на тамошната  фудбалска федерација, селекторот Јане Андерсон имал средба со 39-годишниот напаѓач на која се разговарало за негово можно враќање.

Ибрахимовиќ играше за репрезентацијата на Шведска од 2001 до 2016 година, одигра 116 натпревари и постигна 62 погодоци.

Шведска се пласираше на Евро 2020, каде ќе игра против Шпанија, Словачка и Полска.