Connect with us

Фудбал

„Ибрахимовиќ се јави и побара да тренира со нас“

Златан Ибрахимовиќ започна со тренинзите.

Со оглед дека се наоѓа во куќата во Шведска, далеку од Милано и Италија, тој започна да тренира со играчи во Хамарби, клуб во кој има 25 проценти удел.

Популарниот Ибра тренира во помала група со играчи на Хамарби.

„Тој се јави и праша дали може да тренира“, рече претседателот на клубот.

Ова е првпат Ибрахимовиќ да тренира со Хамарби, а тој претходно гледал некои од натпреварите, односно се појавил на истите натпревари.

Договорот со Милан истекува на крајот на сезоната, а по голема е веројатност дека тој нема да биде продолжен.

Швеѓаните шпекулираат дека тој може и да се врати во својата земја и да ја заврши кариерата таму.

Во Шведска е забрането да се собираат повеќе од 50 лица, па фудбалерите во помали групи го работат својот тренинг.