Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ сонувал за поинакво деби: Адреналинот ме врати 10 години назад

Златан Ибрахимовиќ дебитираше за Милан. По неколку години се врати во италијанскиот тим, го одигра второто полувреме против Сампдорија, но мечот заврши без голови. Ниту, Ибра не успеа да постигне гол и да му донесе победа на Милан.

Такво деби сонувал, призна самиот фудбалер по мечот, а пренесува Газета дело Спорт.

-Сонував поинакво деби, сакав да постигнам гол и да прославам како Бог, вели Ибрахимовиќ, кој додава:

-Овој адреналин ме врати девет, десет години назад. Но, ми даде и дополнителна сила да играм уште десет години. Магично беше повторно да се игра на „Сан Сиро“, порача шведскиот интернационалец.

Статистика на Ибрахимовиќ против Сампдорија

Поминато време на теренот: 35 минути

Еден удар кон голот

7 додавања

1 клучно додавање

64% точност на додавањата

1 голема креирана шаса

1/1 успешен дриблинг

1/1 успешно долго додавање

4 добиени дуели