Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ во Милано? Еве кога се очекува конечната одлука на напаѓачот

Броењето на деновите започна, сè до враќањето на Златан Ибрахимовиќ во Италија. Швеѓанецот даде дополнителни индикации за својата иднина, велејќи дека сака да игра во тим кој треба да ја „обнови“ својата историја. Сето ова укажува на Милан, тимот што бара да се искачи на врвот. Според „Gazzetta dello Sport“, „Росонерите“ ќе треба да почекаат уште десетина дена пред да добијат одговор.

Паоло Малдини и Звонимир Бобан ја одиграа својата улога и сега чекаат „да“ од 38-годишниот напаѓач. Овој одговор треба да пристигне кон средината на декември. Договорот изгледа дека првично ќе биде за шест месеци, но со можност за автоматско обновување за уште една година. За обновување ќе се одлучи летово, во зависност од тоа како ќе се покаже Швеѓанецот во преостанатата половина од тековната сезона, во наредните шест месеци. Милан ќе плати 6 милиони евра (нето) за година и половина.

Болоња и Неапол остануваат сè повеќе во втор план, по „Росонерите“. „Не станува збор само за избор на тим, туку има и други фактори кои треба да бидат избалансирани. Исто така, тоа е во интерес на моето семејство. Се гледаме наскоро во Италија “,  напиша Ибра пред два дена. Милан се надева дека ќе ги обезбеди неговите услуги пред сите други. Веројатно ќе бидат повторно заедно, како што беше од 2010 до 2012 година.