Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ во „војна“ со директорот на Милан: Зошто доаѓаш 48 часа пред натпревар?!

Договорот на Ибрахимовиќ со Милан му завршува на крајот од оваа сезона. Се спомнуваше можност за продолжување на соработката, нешто што беше дел од договорот како клаузула, но според последните настани, се чини дека е поблиску до заминување, отколку до останување.

Имено, како пренесуваат дел од италијанските медиуми, во тренинг центарот имало жестока расправија помеѓу Ибра и извршниот директор Иван Газидис. Вториот, по подолго време за прв пат се појави на тренингот на тимот. Ова секако го изнервирало Швеѓанецот.

Двајцата влегле во вербална расправија со повисок тон,  а Ибрахимовиќ го „нападнал“ со зборовите зошто се појавуваш 48 часа пред натпревар. Забелешки имал и за решавањето на спорот со намалувањето на платите на фудбалерите поради коронакризата.

Претходно, Ибра беше незадоволен и од отказот на едниот од директорите Звонимир Бобан кој го убеди Швеѓанецот, заедно со Малдини да се врати во Милан.