Connect with us

Други спортови

Иџе заврши на осмото место на „Имола“

Македонскиот претставник во автомобилизмот, Игор Стефановски – Иџе, денеска на патеката „Имола“, извози солидна трка.

Ова беше првата трка во рамки на ТЦР-шампионатот во Италија, во рамки на претпоследната трка оваа сезона.

Иџе на оваа трка стартуваше од шеснаесеттото место, па по голема борба стигна до седмата позиција, но трката ја заврши на осмото место.

Салваторе Тавано заврши на првото место, а зад него беа Никола Балдан и Мишеле Имберти.

Втората трка на „Имола“ се вози утре (недела) од 13:00 часот и Иџе ќе стартува како осми. Добриот настап на првата трка ветува повеќе.