Други спортови
Иџе заврши шести на првата трка на „Валелунга“
Игор Стефановски (Иџе), на првата денешна трка на патеката „Валелунга“ го освои шестото место во рамки на ТЦР Италија шампионатот.
Иџе вчера, во квалификациите со време од 1:42,216, го освои 10. место со неговото возило Хјундаи И30, а денеска успеа да напредува неколку места и да стигне до шестата позиција со задоцнување од 17 ипол секунди зад победникот Ерик Бриглјадори.