Connect with us

Други спортови

ИДИОТИЗАМ: Русинот направи фашистички гест, па почна гласно да се смее додека се свиреше италијанската химна (ВИДЕО)

Скандал на првото коло на Европското првенство во картинг.

Русинот Артем Севериучин настапува со италијански пасош и победи во категоријата ОК, а со изведбата на италијанската химна изведе римски поздрав, што се смета за фашистички гест.

Поради санкциите кон Русија, Севериучин не можеше да ги претставува боите на својата земја, па настапи за Италија, но потоа направи скандалозен потег при интонирањето на италијанската химна.

Римскиот поздрав што го направи со смеа се смета за фашистички во целиот свет, започна во 20 век од Бенито Мусолини и неговиот режим. Во светло на настаните во Украина, однесувањето на младиот спортист предизвика многу контроверзии.

Светската картинг федерација не им забрани на руските натпреварувачи да се натпреваруваат, но тие мораа да настапуваат под други знамиња, а од седум, тројца, го користеа италијанското знаме.