Фудбал
Иднината на Икарди, последната изјава на Ванда Нара ги збунува сите!
Иднината на Мауро Икарди изгледа неизвесна, со тоа што Аргентинецот моментно е на позајмица во ПСG до крајот на сезоната. Авантурата во Франција се одвива добро за поранешниот капитен на Интер, меѓутоа, неодамнешните изјави на неговиот агент и неговата сопруга ги збунува сите.
Ванда Нара зборуваше на телевизиско шоу во Италија и рече дека Икарди сè уште е играч на Интер, бидејќи има договор со нив и иднината на нејзиниот сопруг е неизвесна во моментот.
„Јас сè уште живеам во Милано. Ајде да видиме кој ќе биде најдобар за кариерата на Мауро. Не знаеме каде крајот на сезоната може да нè одведе. Нормално, бевме разочарани од напуштањето на Интер бидејќи мојот син е обожавател на Интер и многупати плачеше за ова. Сепак, ние сè уште сме во Интер и Мауро има договор со Интер“, заклучува Ванда.