Фудбал
Играч за играч: Мурињо има план, се чека одговорот на Челзи
До крајот на преодниот рок Жозе Мурињо ќе се обиде да донесе барем уште два нови играчи.
Сигурно веќе сте запознаени со ситуацијата во Манчестер и дека Мурињо е разочаран затоа што смета дека му недостасуваат барем уште две засилувања. Примарна цел е стопер, а сега откако пропадна трансферот на Џери Мина од Барселона, Португалецот го сака Тоби Алдервирелд од Тотенхем или Хари Мегвајр од Лечертер.
Еден од нив двајца би требало да дојде во Манчестер и тоа што побрзо, а во медиумите се пишува дека почнале преговорите со Алдервирелд.
Покрај тоа, Мурињо има план како да го купи Бразилецот Вилиан. Подготвен е да му го понуди на Челзи Антони Марсијал кој има вредност од 75 милиони фунти.
И Марсијал и Вилиан сакаат нови предизвици и сакаат да заминат од моменталните тимови, па планот на Мурињо има смисла и сега само се чека Челзи да го прифати неговиот предлог. Време има се помалку, Мурињо не смее ништо да препушти на случајности, а веќе следниот викенд почнува новата сезона во Премиер лигата.