Фудбал
Играчите на Реал нема да се симнат од авионот ако не им биде гарантирана безбедноста
Овој сезонски прв „Ел Класико“ дуел помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра на 18 декември на „Камп Ноу“.
Натпреварот, кој првично беше закажан да се игра на 26 октомври, беше одложен поради непостојаната политичко-социјална состојба во Каталонија, или решението на Врховниот суд да донесе пресуда затвор за девет лидери кои учествуваа во организирање на референдумот за независност на Каталонија.
Почнаа жестоки немири и протести на граѓаните, поради што Шпанската фудбалска федерација одлучи да го одложи овој натпревар и да го презакажи за 18 декември.
Сепак, безбедносната состојба во Каталонија сè уште не е најдобра. Така беше решено фудбалерите на Реал Мадрид да не се симнат од авионот во Барселона, освен ако не им се гарантира безбедноста.
Ова е доста очекувана реакција од Мадрид. Сигурно е дека во наредните денови ќе има нови тензии меѓу Барселона и Мадрид, но мечот засега не е во прашање.
Натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид се игра во среда од 20 часот.
? ¡OJO! El Madrid no se bajará ni del avión si no tiene la seguridad garantizada.
? Información de @jfelixdiaz desvelada en @elchiringuitotv. #JUGONES pic.twitter.com/TPLJL2wUuI
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) December 12, 2019