Фудбал
Играчите на шпанскиот шампион очи во очи со навивачите: „Да видиме што се случи“
Шпанскиот првак Атлетико Мадрид се збогуваше со натпреварувањето во Купот на кралот.
„Јорганџиите“ беа поразени во Сан Себастијан со 2:0 од Реал Сосиедад, а навивачите во никој случај не се задоволни од она што го видоа од фудбалерите.
Затоа најжестоките навивачи на Атлетико решија да разговараат очи во очи со играчите по синоќешниот натпревар.
Шпанските медиуми тврдат дека навивачите барале објаснување за лошата игра во изминатиот период. Се помина без инциденти и со обичен разговор.
Фудбалерите објаснија дека на формата многу влијаеле повредите, моменталната ситуација со вирусот, но и дека имало многу пех во одредени моменти.
Претходните години навивачите на Атлетико дури знаеја да ги прекинат тренинзите на клубот за да им објаснат одредени работи од клубот.
Со нив немаше големи скандали, а овој пат само побараа објаснување што се случува со играчите на нивниот клуб.
Атлетико оваа сезона тешко ќе ја одбрани титулата во Шпанија. Заостануваат 16 бода зад градскиот ривал Реал и најверојатно ќе имаат борба за место во Лигата на шампионите.