Тајмаут
Играчот на ВЕСТ ХЕМА ја призна вината за НАСИЛСТВО ВРЗ МАЧКА!
Францускиот играч беше обвинет за три прекршоци според Законот за благосостојба на животните, и се изјасни за виновен по две точки од обвинението. Казната ќе биде објавена на 1 јуни.
Снимката ја објави неговиот помлад брат, а обвинителката во овој случај Хејзел Стивенс изјави дека на снимката се слуша Зума како вели „Се колнам дека ќе ја убијам“. Стивенс проценил дека Зума ја нападнал мачката поради оштетен стол во кујната.
– Откако ова видео беше објавено во јавноста , имаше голем број инциденти во кои луѓето удираат мачки и го објавуваат на социјалните мрежи – додаде Стивенс.
Неговиот помлад брат (Џоан) се изјасни за виновен по едно обвинение за помагање.
Кралското друштво за спречување на суровост кон животните ги зеде неговите две мачки по инцидентот. Лондонскиот клуб го казни со земање двонеделна плата по инцидентот.