Connect with us

Фудбал

Играчот од средниот ред на Аталанта го потценува Јувентус: Манчестер Сити сигурно има нешто повеќе!

Аталанта ќе игра вечерва во Манчестер против Сити. За во пресрет на натпреварот зборуваше играчот од средниот ред Мартин Де Рон, кој рече дека ќе биде многу тежок натпревар.

Холанѓанецот во некои свои зборови го потцени Јувентус, велејќи дека Сити има нешто повеќе од „Бјанконерите“.

„Ние сме добро подготвени да играме против нив и ги знаеме нивните квалитети. Игравме и против тим како Јувентус, но Сити сигурно има нешто повеќе. Мора да дадеме се од себе, а потоа да видиме. Она што треба да го направиме е да ја играме нашата игра. Многу екипи одат во одбрана против Сити, но ние тоа нема да го сториме, бидејќи ќе се обидеме да нападнеме што е можно повеќе“.