Connect with us

Фудбал

Играчот од средниот ред на Јувентус: Судијата го реши натпреварот, тешко е да се одиграат 11 против 12

Францускиот репрезентативец на Јувентус Адриен Рабио го обвини судијата за поразот со 0:1 од Интер во дербито на Калчо во неделата навечер.

„Одличен натпревар, честитки за сите. Штета за резултатот, но тешко е да се одигра 11 против 12“, напиша играчот од средниот ред на својот Инстаграм профил.

„Погодивме греда и веројатно моравме да добиеме пенал. Вечерва судијата го реши натпреварот. Мислам дека прекршокот врз Денис Закарија беше во шеснаесетникот. Ова беше важен момент, кој, за жал, го смени текот на натпреварот“, изјави Рабио за DAZN по средбата.

Поранешниот играч на Пари Сен Жермен смета дека овој натпревар наликувал на реваншот против Виљареал во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.