Фудбал
Играчот од средниот ред на Ливерпул е број 1 за април
Играчот од средниот ред на Ливерпул, Тиаго Алкантара беше избран за играч во април во Премиер лигата. Мерсисајдерите минатиот месец забележаа 4 победи и 1 реми во лигата. Во последните недели Тиаго игра на исклучително ниво и е една од причините што тимот на Јирген Клоп се бори за четири трофеи.
Тиаго пристигна во Ливерпул во 2020 година по многу успешен период во Баерн . 31-годишниот шпански репрезентативец беше прогонуван од повреди во првата сезона на „Енфилд“, но во втората ги покажа своите квалитети. Тој оваа сезона веќе додаде два трофеи во својата колекција откако Ливерпул ги освои Лига Купот и ФА Купот. Тимот ќе се соочи со финале во Лигата на шампионите, а Мерсисајдс се уште имаат мали шанси да станат шампиони на Англија.
A midfield master at work 😍
Enjoy the best bits from @Thiago6’s April, after he picked up our @StanChart Player of the Month award 🏆 pic.twitter.com/N5FzEkw5tC
— Liverpool FC (@LFC) May 17, 2022