Фудбал
Играчот од средниот ред на ПСG ја откри целта на Икарди
Леандро Паредес објави дека целта на Мауро Икарди е да се врати во репрезентацијата на Аргентина.
„Тој работи и дава 100% од себе затоа што доаѓа од период кога не играше многу, но сега е среќен поради головите што ги постигна на последните неколку натпревари, работименапорно“, изјави играчот од средниот ред на ПСЖ.
Последниот пат кога Икарди го носеше дресот на Аргентина беше во пријателски натпревар против Мексико на 20.11.2018 година. Аргентинците го добија 2:0 тој натпревар и еден од головите го постигна поранешниот напаѓач на Интер.