Connect with us

Фудбал

Играчот од средниот ред на Сити во опасност да го пропушти Светското првенство

Сериозен удар доживеа фудбалерот на Манчестер Сити, Калвин Филипс два месеци пред Светското првенство.

На англискиот репрезентативец му се повтори повредата на рамото. Играчот од средниот ред на „граѓаните“ ја пропушти саботната победа против Вулверхемптон и е изоставен од тимот на Англија за претстојните натпревари на „Трите лава“.

Сити мора да одлучи дали неговиот втор проблем со рамото сезонава бара операција и може да го загрози неговото место на Светското првенство во Катар.