Connect with us

Фудбал

Играше на позицијата на Шкриниар, постигна гол и го однесе Интер во полуфинале, па доби нов договор (ВИДЕО)

Матео Дармиан останува во Интер до 2024-та година. Неговиот договор истекуваше во јуни оваа година, но раководството реши да го награди со уште една сезона за добрите партии. Интересно е тоа што Матео Дармиан на мечот со Аталанта во четвртфиналето во Купот на Италија играше токму на позицијата на дефанзивецот Шкриниар, кој во јуни се сели во ПСЖ и тоа за  нула евра. На овој меч не играше, бидејќи траеа преговорите околу негова преселба во Париз на последниот ден од зимскиот преоден рок. Сепак, Дармиан одлично го замени. Освен тоа што во дефанзивата одлично се снајде, во офанзивата беше уште подобар. Токму тој го постигна единствениот гол на Интер против Аталанта со кој победија со 1:0 и се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија.