Фудбал
Играше за Југославија, Реал Мадрид го напушти по автоголот со Барселона, а сега работи во складиште за 400 евра! (ВИДЕО)
Предраг Спасиќ (57) е поранешен југословенски репрезентативец, кој беше стандарден играч на тимот кој на Мундијалот 1990-та беше исфрлен во четвртфиналето од Аргентина. Тогаш беше забележан од Реал Мадрид каде направи трансфер и играше една сезона на 22 мечеви.
По автоголот со Барселона, го напушти тимот и се пресели во Осасуна. Вкупно четири години играше во шпанската лига. Но, парите кои ги заработил не знаел да ги искористи и да обезбеди незгрижна пензија.
Доживеа банкрот откако вложил пари во еден проект кој пропаднал. Спасиќ денеска работи за 400 евра во едно складиште во Крагуевац.
-Ми треба помош, во економска смисла. Живеам ден за ден и сум во тешка ситуација. Мора да биде силен да го поминеш сето тоа, им раскажал Спасиќ на шпанските новинари кои го посетиле
Паднал во депресија поради сето тоа што му се случило. Спасиќ пред ова 30 години не излегувал во медиумите. А, откако јавноста дознала за ова, го контактираче од Здружението на ветераните на Реал Мадрид. Тоа здружение помага на поранешни играчи на „Кралскиот клиб“ кои имаат финансиски проблеми. Сега, ветиле помош и за Спасиќ.
-Среќен сум поради тоа. Премногу сум горд, веројатно тоа е грешката. Се што ми се случи многу ме погоди и не разговарав со никој. Живеев во тишина и се затворив во себе, вели тој.