Фудбал
Играше за ПСЖ, Сошо, на теренот беше препознатлив, а сега со долга коса и брада, никој не би го препознал напаѓачот!
Данијел Љубоја (44), поранешен фудбалски репрезентативец на Србија и Црна Гора, во живо го следеше натпреварот на Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос, но изгледаше така што веројатно малкумина го препознаа. Со долга коса и долга брада, поранешниот напаѓач повеќе не наликува на себе од играчките денови во кои имаше и карактеристична фризура, со сина „линија“ на главата. Погледнете како денес изгледа поранешниот напаѓач на Сошо, Стразбур, Пари Сен Жермен и голем број француски клубови.

Љубоја е роден во Винковци во 1978 година, таму почнал да тренира фудбал во Динамо, потоа играл во Осиек, па во Црвена звезда, од која како младинец заминал во Соша. Во тој клуб, тој влезе во професионалниот фудбал во 1998 година и значаен дел од кариерата го врза за Франција, со четиригодишна епизода во Германија (Стургарт, Хамбург, Волфсбург), а од 2011 до 2013 година играше и за Легија од Варшава.