Connect with us

Фудбал

Игуаин имаше добро образложение за клубот да му дозволи да се врати во Аргентина

Гонзало Игуаин денес се најде на удар на критиките од италијанската јавност, откако реши да го напушти карантинот во кој се играчите на Јувентус.

На фудбалерите на „Стара дама“ одредена им е домашна изолација откако се покажа дека двајца играчи на овој тим биле заразени со коронавирус. Но, по само седум дена, Игуаин реши да ја напушти изолацијата и да патува во Аргентина.

Игуаин резервирал приватен авион, а на аеродромот го пречекала полицијата. Сепак, тој покажа дека има дозвола од клубот да ја напушти Италија и потврди дека двапати бил тестиран и немал коронавирус.

Полицијата го пушти Игуаин да ја напушти земјата, што ја изненади јавноста во оваа земја. Но, набргу потоа, пристигна објаснување зошто напаѓачот на Јувентус бараше дозвола да се врати дома.

Имено, неговата мајка била сериозно болна и решил да биде со неа во тешките моменти. Клубот не сакаше да предизвика проблеми и му дадоа дозвола да се врати во Аргентина.