Поврзи се со нас

Фудбал

Игуаин не планира да го напушти Јуве

Торино, 15 август 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин ќе остане во клубот следната сезона, објави неговиот татко – Хорхе.

Одамна се шпекулира дека газдите на „старата дама“ имаат намера да се разделат со напаѓачот и тој може да го засили аргентински Ривер Плата.

– Скоро е невозможно Гонзало да игра за Ривер Плата следната сезона. Наводите дека Јувентус повеќе не го сака во својот состав не се вистинити. Сите во клубот сакаат тој да остане и да го исполни својот договор до крај. Мислам дека кога истекува договорот, тој ќе може да се пресели во Ривер Плата или на некое друго место, рече Хорхе Игуаин.

Договорот на Аргентинецот истекува следното лето.

Advertisement