Connect with us

Фудбал

Игуаин ти ли си?! Време е за пензија!

Гонзало Игуаин одлучи да го напушти Јувентус во летото 2020 година и кариерата ја продолжи во Интер Мајами. Игуаин потпиша договор со Интер до крајот на оваа година, а многумина очекуваа продолжување на соработката на уште две години. Интер на аргентинскиот напаѓач му понудил опција да остане во клубот уште две сезони, но биле изненадени кога Игуаин им рекол дека нема намера да остане бидејќи решил да ја заврши кариерата.

Иако има само 34 години, Игуаин одлучи дека е време да се пензионира и да се посвети на некои други работи во животот.

Ова во интервју за аргентинските медиуми го потврди неговиот татко, кој изјави дека ова е последна сезона на Игуаин, а од активниот фудбал ќе се збогува во декември оваа година.

Со заминувањето во Америка, Игуаин беше многу опуштен бидејќи веднаш се виде дека има проблеми со вишокот килограми, а очигледно е дека фудбалот повеќе не му е приоритет број еден.

Тој реши да го одработи договорот со Интер до крајот, а потоа му порача на Дејвид Бекам дека си заминува на крајот на сезоната, и дека ќе се врати во Аргентина каде сака да ужива во заслужената пензија.