Ракомет
ИХФ ги одложи ракометните квалификации за Олимписките игри
Меѓународната ракометна федерација донесе одлука за одложување на квалификациите за Олимписките игри во Токио што требаше да се одиграат во април (мажи) и март (жени).
Новите термини ќе бидат дополнително одредени, во зависност од проценките за ситуацијата со коронавирусот.
„ИХФ сакаше натпреварувањата да се одржат во закажаните термини, но здравјето и сигурноста на ракометарите и ракометарките и сите учесници во натпреварите е од најголема важност за нас“, се наведува во дописот на ИХФ.