Connect with us

Фудбал

Икер Касиљас започнува нова кариера

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас принудно ја заврши професионалната кариера, поради проблеми со срцето.

Касиљас доживеа срцев удар на тренингот на Порт на 1. мај минатата година, и иако имаше желба да се врати на голот, тој за жал нема да може да го стори тоа.

Тој не сака да биде далеку од фудбалот, па затоа реши да започне нова кариера. Касиљас ќе се кандидира за претседател на Фудбалската федерација на Шпанија.

Икер одлучи да се кандидира против Луис Рубиалес на претстојните претседателски избори и нема сомнение дека ќе има огромна конкуренција за актуелниот претседател.

Касиљас и Рубиалес немаат најдобри врски. Шпанските медиуми тврдат дека токму поради лошите односи Икер решил да се кандидира на функцијата затоа што сака Рубиалес да го остане без моќ во Фудбалската асоцијација.

Сепак, ќе видиме дали ќе успее во тоа, а наскоро ќе биде познат датумот на изборите за новиот претседател.