Connect with us

Фудбал

Иконата на Баерн ја продолжува кариерата во Италија?

Дејвид Алаба, иако има само 27 години на грб, дефинитивно е една од иконите на Баерн.

Австриецот дојде во Баерн од Виена како 16-годишник и досега има одиграно скоро 400 натпревари за првиот тим, но сега е отворен за нови предизвици во кариерата.

Ова го потврди и самиот Алаба, чие име веднаш почна да се поврзува со најголемите клубови на денешницата, а последен во серијата со која се поврзува е – Интер.

Медиумите во Италија тврдат дека „Нероазурите“ биле сериозно инволвирани во приказната и дека прават се за да го доведат Алаба во клубот, а зад сè, секако е Антонио Конте кој го посакувал уште додека го водел Челзи.

„Конте верува дека Алаба би одговарал одлично во неговиот систем“, се вели во извештајот.

Проблемот за Интер е што Алаба сè уште го следат шпанските гиганти Барселона и Атлетико Мадрид.

Патем, фудбалерите од Австрија досега не се снајдоа најдобро во Интер. Марко Арнаутовиќ помина една година во клубот, за кого Мурињо рече дека е „одлична личност со детски менталитет“, а Валентино Лазаро брзо замина.