Фудбал
Илчо Ѓорѓиоски доби отказ во Грција: Каков аматеризам, па тука ниту Мурињо не би успеал!

Македонскиот тренер Илчо Ѓорѓиоски не е повеќе на кормилото на грчкиот второлигаш Каламата. Тој добил отказ пред неколку дена, а дознал од медиумите.
-Повеќе од 2.5 месеци работевме без анализи, тоа е како да возите автомобил со затворени очи. На крајот никој не ме извести дека сум сменет, прочитав во медиумите. Се што се случуваше беше многу разочарувачки, вели Ѓорѓиоски за грчките медиуми.
Како што вели тој, во овој клуб не се знае кој носи играчи.
-Никој не ми кажа дека пристигнале двајца нови играчи. Донесоа пет напаѓачи, а ниту еден играч од средниот ред. Тоа би било исто како Сити да доведе пет играчи како Халанд и ниту еден како Де Брујн. Верувајте, тука и Мурињо да дојде нема ништо да направи, изјавил Ѓорѓиоски за грчките медиуми.
Тој за грчките медиуми откри дека на неодамнешниот меч со Калитеа ми рекле: Не дозволувај да игра Асигба и не прашувај зошто.
Тој, исто така, потврди дека на истиот натпревар, играч побарал од него да не биде во составот.
-Имав три порази од Кифисија, Аегалео, Калитеа. Само последниот беше мојот пораз. За другите треба виновникот треба да го побарате…
Мандатот на Ѓорѓиоски на клупата на Каламата траеше само 3,5 месеци. Ѓорѓиоски на вкупно дванаесет натпревари имаше учинок од шест победи, три нерешени и исто толку порази, оставајќи ја Каламата на 5. место во втората група од Суперлига 2.
