Connect with us

Фудбал

Илија Груев: Исвиркувањата многу ме мотивираа

Играчот од средниот ред на Бугарија – Илија Груев, рече дека исвиркувањето од трибините на бугарската репрезентација на мечот со Македонија дополнително го мотивирало.

„Многу важна победа. Некој денес рече дека четири години немаме успех надвор. Најважно е што покажавме карактер денеска. Лично, свирежите многу ме мотивираа. Имаше провокации, но браво за момците, што никој не згреши и не доби картон“, прокоментира тој.

Дефанзивецот Валентин Антов сподели дека тимот покажал карактер, а тоа ќе му помогне да се надоградува во следните натпревари.

„Многу сме среќни, задоволни сме. Покажавме карактер и ги заслуживме трите бода“, прокоментира играчот на Монца.

„Имаше ситуации кога домашниот тим можеше да постигне гол, можевме да постигнеме и втор гол, но тоа е фудбалот. Се боревме“, сподели и Антов.

Техничкиот директор на Бугарскиот фудбалски сојуз – Георги Иванов, беше задоволен од она што го виде во успехот на Бугарија над Македонија со 1:0. Првиот човек на БФС изрази мислење дека под водство на Младен Крастаиќ бугарската репрезентација личи на тим.

„Среќни сме со победата, но најмногу сме среќни што тимот сега изгледа како тим. Тој игра фудбал што им се допаѓа на луѓето и играчите уживаат во играта. Најважно е што направија добар тим. Отсега можам да кажам дека на бугарската репрезентација и претстои добра иднина. Најважно е што овие млади момци покажуваат голема желба и мислам дека врз основа на оваа енергија тимот ќе се гради и ќе зајакне. Не сакам да навлегувам во политички дебати. На крајот на краиштата, ова се навивачи кои ја поддржуваат сопствената земја. За нас беше важно што го издржавме притисокот“, изјави Гонзо по крајот на мечот во Скопје.