Connect with us

Фудбал

Илија Несторовски го одбил тимот на Силвио Берлускони

Несторовски останува во Удинезе, откако експресно ја одбил понудата на амбициозната Монца, предводена од магнатот и екс-прв човек на Милан, Силвио Берлускони, објавија италијански медиуми.

Популарниот Нестогол кажал дека нема намера да си замине од таборот на „зебрите“.

„Несторовски, кој го даде голот за опстанок против Јувентус, доби понуда од Монца, но бившиот фудбалер на Палермо ја одби таквата опција и во прв план му е да продолжи да игра во црно-белиот дрес, па дури и ако биде прва резерва за нападот на Удинезе“, пишуваат италијански медиуми.

Прилепчанецот кој има 30 години пристигна во Удинезе од Палермо во 2019 година, а претходно настапуваше за Интер Запрешиќ, Металург, Жижков, Словачко и Победа. Ја чека новата сезона во Серија А, која стартува во средината на септември.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com