Connect with us

Фудбал

Им ја покажува излезната врата, но изненади со изјавата : Тие се незаменливи!

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за легендите на „Граѓаните“. Тој смета дека има играчи кои се незаменливи за клубот. На прес-конференцијата, Пеп истакна дека Компани, Агуеро и Силва се легенди.

„Тоа е животот. Не можеме да негираме колку се важни имињата што ги спомнувате. Компани е незаменлив, како и Агуеро и Силва.“

„Мислам дека клубот има должност и обврска да најде играчи што правилно ке ги заменат овие легенди што е можно поскоро и на вистински начин“, изјави шпанскиот стратег.