Connect with us

Тајмаут

Има и пострашни работи од коронавирусот: Роналдо вчера помина низ вистинска драма

Кристијано Роналдо веќе неколку денови е во карантин во родната Мадеира, каде пристигна на почетокот од минатата недела.

Роналдо и остатокот од неговото семејство преживеаја вистинската драма вчера додека земјотрес ја погоди Мадеира. Иако немаше пријавено поголеми штети, земјотресот донесе страв и загриженост кај sвездата на Јувентус.

Најпопуларниот фудбалер на денешницата беше на 49 километри од епицентарот на земјотресот што го погоди островот околу 10 часот.

Роналдо е во Португалија и останува близу до својата мајка, Долорес Авеиро, која неодамна имаше мозочен удар и во моментов се опоравува успешно.

Патем, вчерашниот земјотрес се почувствува и во Лисабон, иако главниот град од Мадеира е оддалечена стотици километри.