Connect with us

Фудбал

Има ли крај на овие вести: Фудбалер почина на 34 години

Продолжи ужасната серија на починати фудбалери. Новата црна вест доаѓа од Јужна Америка, каде почина уште еден познат фудбалер.

Парагваецот Едгар Аранда почина на 34-годишна возраст, како резултат на срцев удар.

Играше во одбрана, а најголемиот дел од својата кариера го помина во Гварани, каде ја освои шампионската титула во 2016 година.

Аранда ја заврши својата играчка кариера пред две години на „Индепендиенте“.