Connect with us

SPORTM.mk

Има нешто во тоа „иќ“

Народите од територијата на поранешна Југославија се на некој начин препознатливи по тоа што нивните презимиња завршуваат на „иќ“.

Во минатото имаше неколку примери на клубови каде што соблекувалните беа „Југославија во минијатура“, а моментално најновиот пример е Милан.

Имено, во соблекувалната на „росонерите“ има четворица играчи чии презимиња завршуваат на „иќ“, тука се репрезентативецот на БиХ Раде Круниќ, Златан Ибрахимовиќ кој е по потекло од БиХ и хрватските интернационалци Анте Ребиќ и Марио Манџукиќ.

Фотографијата на фудбалерите на Милан на „иќ“ објавена од Раде Круниќ пред натпреварот против Болоња стана вирален хит кај населението од областа на нашата поранешна држава.

Карактеристично е за играчите од овој дел е меѓусебно да се нарекуваат брат и несомнено е дека зборот често се слуша во соблекувалната на „росонерите“.