Фудбал
Има само 19 години, а веќе постави неколку рекорди, дами и господа: Ерлинд Халанд
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд ги постигна двата гола за својот тим во победата над Пари Сен-Жермен (2:1) во осминафиналето од Лигата на шампионите. Деветнаесет годишниот Норвежанец стигна до 10 погодоци во елитното натпреварување на само седум натпревари, четири малку од претходниот рекорд.
Претходно, Адријано, Садио Мане и Роберто Фирмино успеаја да постигнат 10 гола на 11 натпревари во Лигата на шампионите.

Воедно, Холанд е првиот играч кој постигнал гол во сезоната на Лигата на шампионите за две различни екипи. Првиот дел од сезоната, Норвежанецот настапуваше за Салцбург.
Од доаѓањето во Борусија Дортмунд, во сите натпреварувања, на 8 мечеви Халанд постигна 11 голови. Само на еден меч не постигнал гол на кој настапил, а тоа е поразот од Баер Леверкузен со 4:3 во Бундеслигата.
Борусија Дортмунд на австриски Салцбург во јануари плати „само“ 20 милиони евра за тинејџерот по кого „лудуваше“ половина Европа.