Connect with us

Фудбал

Имало трето полувреме по мечот Лацио-Рома, погрдни зборови и вербални конфликти, се вклучил Мурињо, но и Лотито

Лацио ја победи Рома со 1:0 (0:0) во градското дерби на Олимпико, но натпреварот не го одбележа голот на Матијас Закањи во 65. минута, туку тепачка на крајот од натпреварот која не заврши само на теренот.

Вжештените страсти во римското дерби им донесоа црвени картони на Марушиќ и Кристанте, кои беа највоинствени, а тоа предизвика „метежот“ да се префрли во соблекувалната каде, секако, на чело беше Жозе Мурињо.

Италијанските медиуми денеска пишуваат дека Мурињо и претседателот на Лацио, Клаудио Лотито се судриле во соблекувалната! Неофицијално, поради казната, Мурињо го следел натпреварот од трибините и повторно завршил на насловните страници бидејќи најверојатно „налетал“ на Клаудио Лотито, кој дофрлил нешто кон него, на пат кон соблекувалната на неговиот тим. А помогнаа и играчите на кои главите им беа уште „жешки“.

Првите информации велат дека се започнало кога капитенот на небесно сините Алесио Ромањоли славел пред соблекувалната на Рома по што Џанлука Манчини, соиграчот од италијанската репрезентација го нарекол  „го*мно“.

Во се се вмешал Клаудио Лотито, разделувајќи ги фудбалерите, но кога на тоа налета Жозе Мурињо – повторно се се разбранува.

„Што гледаш?“, наводно извикал „Специјалниот“ во правец на првиот човек на Лацио, на што Клаудио Лотито му фрлил: „Јас сум претседателот на Лацио. Кој си ти? Ова е мојата куќа и не треба ни да си тука“.

Секако, тој алудираше на благата казна на Фудбалскиот сојуз на Италија, која на крајот му даде посебна дозвола на Мурињо да ја посети соблекувалната по натпреварот, но секако не се надеваа дека од тоа ќе „искра“ хаос.

Неофицијално, тогаш дошло до конфликт меѓу Луис Алберто од Лацио и помошникот на Жозе Мурињо (Салваторе Фоти), па директорот на Рома, Тиаго Пинто ја смирил ситуацијата, но прашање е колку затоа што истрагата од страна на Федерацијата се уште е во тек.