Други спортови
Имам неколку понуди, но…
Најбрзиот човен на планетата, Јамајканецот Усаин Болт, соопшти дека до крајот на ноември ќе одлучи дали сака да ја продолжи фудбалската кариера. Осумкраниот олимписки шампион не успеа да се договори со австралискиот тим – Централ Кост Маринерс, откако не успеа да се договори околу платата. Тој во оваа земја беше од август, а за клубот постигна и два гола на пријателски натпревар, сепак, неговата побарувачка за висока плата беше главна причина раководството да се откаже од него.
- Не потпишав договор со Маринерс, така што оваа приказна е завршена. Сепак добив уште неколку понуди од тогаш. Моментно размислувам што ќе работам. Ќе одлучам до крајот на ноември што ќе правам, дали ќе играм за некој клуб или едноставно ќе се откажам од ваквата намера, изјави Болт.