Други спортови
Имаме нов светски рекорд: испадна од Вимблдон, но стана светски рекордер
Во тек е третиот Грен слем во сезоната Вимблдон.
Во 3. коло Џон Иснер, 24. играч во светот се сретна со Јаник Синер и загуби во три сета со 6-4, 7-6 (4), 6-3.
Сепак, може да се гордее со себе бидејќи го собори светскиот рекорд по број на асови.
Иснер сега има 13.729 асови во кариерата и со тоа го победи хрватскиот тенисер Иво Карловиќ кој има еден помалку.
🚨 NEW WORLD RECORD 🚨
With 13,729 aces, @JohnIsner surpasses Ivo Karlovic to claim the top spot in the record books! 🔥 pic.twitter.com/w0v5rol0Bd
— ATP Tour (@atptour) July 1, 2022
Да потсетиме, ова е прв рекорд кој е соборен или најверојатно ќе биде соборен на овогодинешниот Вимблдон.
Полската тенисерка Ига Свијатек успеа да ја оствари 37-та победа во низа.
Таа ја победи Холанѓанката Лесли Патина Керхове со 6:4, 4:6, 6:3. На моменти изгледаше дека Свјатек може да направи шокантен излез во раната фаза на Грен слем турнирот во Лондон, но на крајот покажа дека во овој момент е недопирлива за сите.
Таа сега ја надмина легендарната Моника Селеш, која имаше серија од 36 победи во 1990 година, а потребна и е уште една победа за целосно да го собори рекордот на Мартина Хигинс од 1997 година.
Следна ривалка ќе и биде Французинката Ализе Корне. Воедно тоа ќе биде и првиот дуел меѓу Свјатек и искусниот Корне, а е закажан за денеска од 16 часот.