Други спортови
Имаше посебна пресметка со Федерер, а сега рече: „Кој го е*и?
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, вчера му кажа „збогум“ на тенисот.
Славниот Швајцарец објави крај на кариерата, што предизвика бројни реакции.
Последниот турнир на кој ќе игра легендарниот Федерер е Лејвер купот кој следната недела ќе се игра во Лондон.
„Изминатите три години беа огромен предизвик за мене кога станува збор за повредите и операциите. Работев напорно за да се вратам во форма, но знам какви се капацитетите на моето тело и пораката е сосема јасна.
Имам 41 година, одиграв повеќе од 1.500 натпревари за 24 години и тенисот ми даде третман за кој не сонував. Треба да знам кога е време да ја завршам кариерата.
Лејвер купот во Лондон ќе биде мојот последен АТП настан. Ќе останам во тенисот, но нема да ме видите на турнејата. Има горчлив вкус во оваа одлука бидејќи ќе ми недостига се“, рече меѓу другото Федерер
Коментар остави и американскиот тенисер Тенис Сандгрен.
Тој реши да се пошегува со оглед на тоа дека на Австралија опен имаше голем дуел со Федерер во кој беше поразен по три и пол часа игра.
„Еден од најголемите шампиони на сите времиња. Каква легенда, навистина амбасадор на овој спорт. Привилегиран сум што имав битки со него. Исто така, кој го е*и“, напиша на шега Сандгрен.
Роџер Федерер без сомнение е еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Освои 20 Грен слем титули, и огромен број други турнири каде секогаш ја воодушевуваше публиката со неверојатни настапи.
Тој е единствениот тенисер во историјата кој пет пати по ред го освоил УС Опен, а поседува и неколку други рекорди.
Покрај тоа, тој е третиот тенисер во историјата по бројот на освоени Грен слем турнири, зад Надал и Новак Ѓоковиќ.
Тој успеа да го освои Вимблдон осум пати, Австралија Опен шест пати, УС Опен пет пати и еднаш го освои Ролан Гарос.
Од сите тие турнири тој заработил вкупно околу 130 милиони долари, но секако тоа не е целата негова заработка.
Имено, според Форбс, Федерер во текот на кариерата потпишал договори со кои заработката му се искачила на околу една милијарда долари.
Секако, најголем е кај јапонскиот бренд Uniqlo кој му донесе 300 милиони долари.