Фудбал
Имав понуда од Манчестер Јунајтед, призна новиот играч за врска на Баерн
Новиот играч за врска на Баерн (Минхен) Рајан Гравенберг призна дека имал понуда и од Манчестер Јунајтед . 22-годишниот фудбалер со клаузулите го напушти Ајакс за близу 25 милиони евра, а се очекува Баварците да го објават трансферот до крајот на денот.
„Манчестер Јунајтед е многу голем и убав клуб. Сепак, веќе ми се допадна Баерн и ветив дека ќе одам таму“, откри талентираниот играч за врска, цитиран од Де Телеграф.
На чело на „црвените ѓаволи“ сега е Ерик тен Хаг, кој досега беше тренер на Гравенберг во Ајакс.