Connect with us

Фудбал

„Имав понуда од Реал Мадрид, но Јувентус ме изневери“

Масимилиано Алегри се одлучи да одмори од се. Минатата година доби отказ од Јувентус, иако беше по договор се до пред неколку дена, па не се грижел многу за финансиите и можел да ужива и да одмора.

Меѓутоа, порача дека одморот е завршен и дека ова лето сигурно ќе се врати на тренерската професија. Тој во претходниот период имал неколку понуди, но не сакал да брза со одлуките.

Неговиот нов клуб се уште не е познат, но самиот откри дека пред две години имал понуда од Реал Мадрид, но сепак тој одлучил да биде коректен кон Јувентус. Но, како што вели тој, на крајот „Старата дама“ го изневерила.

-Имав пред две години понуда од Реал Мадрид, но ја одбив бидејќи се уште имав договор со Јувентус. Не сакав да заминам на тој начин, бев врзан за клубот. Сепак, наредната сезона ми врачија отказ, вели Алегри.