Фудбал
Името на Емилијано Сала се најде на официјалниот записник за натпреварот
Кардиф Сити, во чест на неговиот несуден фубалер одлучи да го стави името на Емилијано Сала меѓу играчите кои се пријавени за натпреварот во ФА Купот против Ридинг.
Сала животот го загуби во авионска несреќа во јануари 2019 година кога тој тргна да потпише договор со Кардиф, а неговото име никогаш нема да биде заборавено од велшкиот тим, иако тој никогаш не го носеше дресот на Кардиф.
Во негово сеќавање, името на Емилијано Сала беше на официјалниот записник за натпреварот во ФА Купот, а со тоа и управата на овој тим докажа дека Сала нема да биде заборавен.
Кардиф и Нант сè уште не се согласиле за трансферот на аргентинскиот фудбалер. Велшаните не се подготвени да платат 15 милиони фунти поради трагедијата, иако ФИФА одлучи дека треба да ја платат целата сума.
Жалбата е поднесена до Судот за спортска арбитража и одлука се очекува до јуни.
