Фудбал
Имобиле објаснува како ги поминува деновите во домашна изолација
Пандемијата на коронавирус предизвика голем хаос во Европа, а најтешка е ситуацијата во Италија.
Северна Италија е жариштето на овој вирус и ситуацијата се влошува од ден на ден. Италија ја надмина Кина во однос на смртните случаи, каде што овој вирус се појави пред неколку месеци.
После сето ова се огласи и напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле кој испрати апел до италијанските граѓани да ги почитуваат сите правила и да не ги напуштат своите домови во наредниот период.
„Им кажувам на сите да останат дома за своето здравје. Сигурен сум дека ова ќе помине брзо и ќе излеземе посилни од сè. Мора да останеме дома за нашето семејство и за нашите блиски. Многу луѓе се загрижени дека ќе останат без работа и треба да им дадеме поддршка колку што можеме”, рече Имобиле, додавајќи.
„Во куќата, јас успевам да им помогнам на децата со домашните задачи, а потоа се обидувам да направам два тренинзи дневно. Понекогаш играм игри само за побрзо да помине времето. Мило ми е што поминувам толку многу време со семејството и никогаш не било вака, а ова е единственото позитивно нешто во сето ова“.