Фудбал
Имобиле со седми хет-трик во Серија А, Лацио ја прегази Џенова (ВИДЕО)
Лацио забележа убедлива победа од 4:1 на гостувањето кај Џенова, тим кој најверојатно следната сезона ќе го гледаме во Серија Б. Фантастичен меч на Чиро Имобиле кој постигна хет-трик, негов седми во кариерата во италијанската лига. Во моментов е прв стрелец во Италија, со 24 голови.Еден гол постигна Марушиќ. Голот за Џенова практично беше автогол, а беше дело на Патрик Рамири.
Лацио со оваа победа собра 55 бодови, се наоѓа на петтото место, додека Џенова со 22 бодови е на претпоследното место на табелата.
Standings provided by SofaScore LiveScore