Connect with us

Фудбал

Имобиле завршил во болница по судирот со трамвај, имал скршено ребро (ВИДЕО)

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, сепак завршил во болница по сообраќајната несреќа која ја имал, кога се судрил со трамвај. Според најновите информации тој има скршени ребра и ќе мора да остане на мониторинг некое време. Има и други повредени во оваа сообраќајка, но според информациите никој не е во животозагрозувачка состојба.

Имено, утрово трамјвај удрил во автомобилот на Чиро Имобиле, а според информациите од Италија, трамвајот поминал на црвено.